Хајделберг факултет Скопје со гордост го објавува официјалното формирање на Бизнис советот, стратешки советодавен одбор насочен кон зајакнување на соработката помеѓу академската заедница, студентите и бизнис секторот. Свечената церемонија се одржа денеска во просториите на факултетот.
Бизнис советот претставува платформа за заедничка работа чија цел е да се надминат предизвиците на пазарот на трудот, особено недостатокот на квалификуван кадар. Советот ќе овозможи поврзување на теоретското образование со реалните деловни потреби преку заеднички проекти, пракси и иновации.
„Формирањето на Бизнис советот означува нова ера на партнерство и раст,” изјави деканот на Хајделберг Скопје, проф. д-р Горан Василев, „посветени сме на развој на идни професионалци преку создавање средина каде што академијата и индустријата соработуваат за заеднички успех”.
Основачите на Советот се истакнати претставници од различни индустрии со заедничка визија за економски развој на земјата. Преку креирање мрежа од стратешки партнерства, Хајделберг има за цел да го поддржи професионалниот развој на младите и да ја зголеми конкурентноста на пазарот на трудот во Северна Македонија.
Церемонијата вклучуваше воведни говори, презентација на целите на Советот и панел дискусија за развој на квалификувани кадри. Настанот заврши со сесија за вмрежување, поставувајќи основа за идни соработки.
Во моментов членки на Бизнис Советот се 20-тина успешни и реномирани компании, а во завршна фаза е приклучувањето уште други 20-тина компании. Подолу е листата на компании кои веќе се членови на Бизнис Советот:
Шпаркасе банка АД Скопје
САВА пензиско друштво АД Скопје
Силк Роуд Банка АД Скопје
ТТК Банка АД Скопје
Триглав Осигурување Живот
Минт Финтек Груп Битола
Мелон Солушнс
EOS Matrix
Витаминка АД Прилеп
Reaktiv
Quipu
Валтек
Тинекс
Дигитал Центар
ЖИКОЛ Струмица
Специјал Продукт
Direct Мedia
Елемент ПР
Лек Љубљана
Оптимум Креатив Солушн
Везешари Тетово
ЛЕАР Тетово
Мотива