Потпишан договор за соработка меѓу Хајделберг Факултет во Скопје и Македонски Полициски Синдикат

Хајделберг Факултет во Скопје, претставуван од проф. д-р Синиша Наумоски и Македонскиот Полициски Синдикат https://www.facebook.com/makedonskipolicikisindikat претставуван од Претседателот г-дин Зоран Кузманоски, денес потпишаа Договор за соработка кој отвора нови можности за членови на синдикатот и нивните семејства.

Соработката овозможува поволности за студирање на двете студиски програми:

– Бизнис администрација: банкарство, осигурување и контролинг

– Податоци и компјутерски науки

Погодностите ќе бидат достапни за лицата-членови на Македонскиот Полициски Синдикат, како и за нивните семејства, вклучувајќи и вработени од Агенција за национална безбедност, Агенција за разузнавање и

Управа за финансиска полиција. 

Членовите на МПС ќе уживаат во следниве поволности:

– Плаќање на студиите на 60 рати

– Бесплатни курсеви за учење на германски јазик на сите нивоа за време на студиите

– Во петтиот семестар, студентите ќе имаат можност да престојуваат во Провадис Универзитет од Франкфурт, Германија и да ја одбранат дипломската работа под менторство на професор од истиот универзитет

Студентите кои ќе ги завршат студиите на ХФС ќе добијат диплома од Хајделберг Факултет, како и германска универзитетска диплома од Провадис Универзитет во Франкфурт (СР Германија)

Исклучително сме горди што започнуваме со оваа соработка, која ќе им овозможи на нашите студенти подобри образовни можности и успешни кариери.