Хајделберг Факултет во Скопје доделува 1 стипендија во висина од 50% од школарината за студент кој ќе се запише во прва година во академската 2026/2027 година.
Стипендијата е наменета за успешни, амбициозни и мотивирани матуранти кои сакаат да го продолжат своето образование според германски модел на образование, да стекнуваат практично искуство во текот на студирањето и да ги развиваат своите професионални и лидерски потенцијали.
Услови за аплицирање
Завршено четиригодишно средно образование.
Исполнување на редовните услови за упис на Хајделберг Факултет во Скопје.
Минимален просечен успех од средното образование: 4,50 од 5,00.
Аплицирање за упис во прва година во академската 2026/2027 година.
Доставување комплетна документација во предвидениот рок.
Стипендијата не може да се комбинира со друга стипендија или попуст на школарината доделен од Хајделберг Факултет.
Критериуми за избор
Критериум
Максимум поени
Успех во средното образование
70
Воннаставни активности, натпревари, признанија, волонтерство и лидерство
30
ВКУПНО
100
Добитник на Хајделберг Лидер Стипендијата 2026 ќе биде кандидатот со најголем вкупен број поени согласно утврдените критериуми.
Во случај два или повеќе кандидати да имаат ист број поени, предност ќе има кандидатот со повисок просечен успех во средното образование.
Висина и времетраење на стипендијата
Добитникот на стипендијата добива 50% ослободување од школарината.
Стипендијата може да се користи во текот на целиот циклус на студирање, под услов студентот да ги исполнува критериумите за нејзино продолжување за секоја наредна академска година.
Услови за продолжување на стипендијата
Минимален просек од 8,00 во претходната академска година.
Остварени најмалку 90% од предвидените ЕКТС кредити.
Студентот да не ја повторува академската година.
Почитување на академските и дисциплинските правила на Факултетот.
Исполнувањето на условите се проверува пред почетокот на секоја наредна академска година.