Section Heading
Хајделберг факултет Скопје
ЗА НАС
Главните цели на ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ
– врши стручно високообразовна, научно-истражувачка, апликативна дејност во меѓусебно поврзани стручни дисциплини во рамките на ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ и се грижи за нивниот развој;
– реализира меѓународна сертификација со ЕКТС кредити во партнерство со специјализирани институции за стручно образование во областите: претприемништво, бизнис, менаџмент, финансии, банкарство и информатички технологии;
– помага при вработување на студенти кои во текот на студирањето ќе се запишат на ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ по принципот „работи-студирај“;
– врши финансиска и деловна едукација и зголемување на нивото на финансиска писменост на населението, како и развој на финансиската и деловната наука во Република Северна Македонија;
– реализира унапредување на регионална и меѓународна соработка со универзитети, средни училишта, институти, академии и други формални и неформални образовни институции;
– спроведува учење на далечина, „е-учење“, преку специјализирана обука и едукација во областите: бизнис, банкарство, сметководство, контролинг, информатички технологии и претприемништво;
– го промовира претприемништвото како модерна деловна и развојна филозофија на приватни и јавни, економски и непрофитни претпријатија и профитни и непрофитни организации;
– развива издавачка дејност во насока на обезбедување достапност на информации до јавноста и развој на научната мисла;
– им помага на студентите при учество во регионални проекти и користење на европски и други меѓународни фондови
– создава во континуитет, креативна интелигенција која ќе биде водилка за секој поединец во функција на создавање успех;
– врши регрутирање, унапредување и развој на квалитетни човечки ресурси, преку развивање на волонтерска пракса;
– организира семинари, конференции, конгреси, симпозиуми, дебати, трибини и други научни, стручни собири, во земјата и странство во согласност со овој Статут;
– во рамките на интегрираниот библиотетско-информативен систем на Установата, ја организира работата на библиотеката и врши библиотетско-информативна и документациска дејност
– издава уверенија и други документи за завршени студии и други видови на образование, според условите утврдени со Статутот, како и други документи за статусот на студентот во текот на студирањето;
– предлага и презема мерки за подобрување и заштита на стандардот на учениците и вработените;
– реализира различни форми на надградување, продлабочување или проширување на знаењата и континуирана едукација;
– разменува научни и стручни услуги со домашни и странски физички и правни лица;
– организира стручна и административна служба;
– се грижи и презема мерки за усовршување на кадарот кој врши високообразовна, научноистражувачка и уметничка дејност и за кадарот во стручната и административната служба;
– се грижи и презема мерки за тековно и инвестициско одржување на објекти и имот;
– ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ основа Центар за кариера и организира саеми за кариера;
– врши други работи утврдени со закон и Статут.
Мисија
Мисијата на „ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ“ е создавање на современи концепти на дуално додипломско и постдипломско образование.
Карактер на стручни студии и поставување на нови професионални стандарди базирани во професијата на бизнис администрација и компјутерски науки.
Имаме посебна програма за: бизнис, финансии, податоци и компјутерски науки (сајбер безбедност и софтверско инженерство), како и управување и дизајн на дигитални медиуми.
Визија
Имплементација на обучени професионалци за деловна администрација и компјутерски науки преку формализирање на занаети и интеграција на дуално професионално образование.
Според меѓународните искуства, со посебен осврт на СР Германија, како и интеграција на неформална професионална сертификација за: финансии, банкарство, ИТ и дигитален дизајн.
Препорачано од Европската асоцијација за обука за банкарство, Европската алијанса за мали бизниси од Брисел и стопанските комори во делот на формалното професионално образование.
